Почитуван пратеник Миле Лефков,
Ве молиме објаснете како за иста услуга ваш тендер, со ваше име се наплатувал 120 денари, а сега истиот се наплаќа за само 40 денари. Објаснете и како вашиот кандидат за градоначалник Љупчо Папазов, за кого мислите дека граѓаните заборавиле, во неговото директорување набавувал цемент по цена од 600 денари, а сега после толку години цената на истиот е 300 денари. Законски или незаконски, некој од вашето злосторничко здружување ја лапнал разликата….ДПМНЕ заедно со поранешниот директор Љупчо Папазов, направи еден кружен тек во рок од 8 години, за 4 милиони денари, додека градоначалникот Николчо Илијев направи 4 кружни текови за 4 години за истите пари.
ТОА Е ВИСТИНАТА ШТО НАРОДОТ ЈА РАЗБИРА, А НЕ ВАШИТЕ ТОЧКИ.
ЗАТОА ГИ ПОВИКУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ЗАБОРАВААТ КОИ СТЕ И КОН ШТО ЦЕЛИТЕ. ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ПРОЕКТИ И ДЕЛА, ЗА НАЈДОБРОТО ВО НАШАТА ОПШТИНА, А ТОА Е НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ.
СО ДЕЛА СЕ САКА ТАТКОВИНАТА, А НЕ СО ПРАЗНА ДЕМАГОГИЈА.
Времето на закани заврши во моментот кога вашата ДПМНЕ отиде во опозиција.
СДСМ е олицетворение на ДЕМОКРАТИЈА, каде секој граѓанин има сопствено непобитно право да одлучува кому ќе ја даде својата доверба.
Јавноста тоа го гледа, јавноста тоа го чуствува.
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани