ПРЕС НА ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ:

октомври 25, 2021
0 минути

Денеска сме тука во Кочани каде што ќе имаме повеќе средби но и ќе идеме од врата на врата да ги посетиме граѓаните. И тоа го правиме навистина со една важна цел, а тоа е што повеќе да излезете на овие избори во Кочани и да ја дадете поддршката на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Љупчо Папазов. Љупчо е еден човек што навистина сака да го остави срцето за Кочани, човек што секој ден ќе се труди да покаже како се работи во инфраструктурата, да покаже како се градат нови објекти, какви нови планови има за Кочани, како да помогне во образованието, како да помогне на секое поле.

Затоа почитувани граѓани на Кочани јас би сакал да ве повикам што помасовно, што помасовно да излезете и да ја дадете поддршката за ВМРО ДПМНЕ се разбира и за Љупчо. Зашто го говорам ова, многу малце фали во Кочани да се смени сликата Кочани да стане едно убаво место за живеење. Видовте што се случува овие четири години, апсолутно ништо. Дали сакате да се создаде нова иднина или повторно да се тапка во место, каде што има од една страна градоначалник бизнисмен но немаа никаква клима за бизнисмените, нема нови инвестиции, нема нови работни места, нема нови проекти.

Затоа ајде сите заедно да создадеме нова иднина а таа иднина тука во Кочани може да ја направи Љупчо Папазов. Се сменија работите во Македонија, ВМРО ДПМНЕ победи насекаде во Македонија, време е и во Кочани таа слика да се преслика.

Затоа уште еднаш ќе повикам, залудни се сите притисоци и на власта, залудни се сите притисоци и на полицијата и да казнуваат и да присилуваат, мобингот што го вршат кон администрацијата, се ќе биде залудно, бидејќи во Кочани народот знае што е најдобро, најдобро е Љупчо Папазов да стане градоначалник на Кочани.

Уште еднаш ќе потенцирам, масовно во недела за нови проекти, за нови победи, и се разбира за нов градоначалник на Кочани.

Благодарам