ВО ПЕТОК, САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА НАДА ЅМБОВА ДОНЕВА „ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ“

септември 26, 2022
1 минути

На 30 септември (петок) ќе се одржи втората самостојна изложба на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева –  „Вера, Надеж, Љубов“.

Изложбата ќе се одржи во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 19:30 часот, фоаје 2.

Изложбата е дел од годишната на програма на НУЦК „Бели мугри“ финансирана од Министретсвото за култура.

Делата се настанати во периодот од 2020 до 2022 година.

„Наспроти професионалната определба чувствува личен предизвик соодветно да ја манифестира креативноста, која ја чувствува во вените, заради исполнување на сопствената уметничка душа. Последните неколку години креативноста ја насочува кон ликовната уметност“ пишува рецензентот Илинка Атанасова.

Нада Ѕмбова Донева првата самостојна ликовна изложба ја имаше во 2019 година во салонот на НСЦУ „Бели Мугри“ во Кочани, а учествува и во неколку групни изложби во Кочани, Штип и Виница.

Инаку, Нада Ѕмбова Донева е дипломиран биолог, вработена како предметен наставник во основно училиште во Кочани.

„Делата за својата втора самостојна изложба „Вера, Надеж, Љубов“ ги создава во многу турбулентен период на глобален психолошки притисок, период на пандемија која ги затресе темелите на дотогашниот начин на живеење и поттикна промени во сите сфери, кога неминовно се менуваат и уметничките принципи.  Авторот прави обид со преку насликаните форми низ кои продира светлината да не воведе во една нова специфична урбана свест, која буди надеж кон подобро утре. Нејзините слики сочинуваат комбинација од емоционален интензитет преку модерен сензибилитет до степен на визуелни елементи кои ја напуштаат конкретната форма“, истакнува Атанасова.