ВО ВТОРНИК, РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

март 31, 2024
1 минути

Националната установа -Центар за култура “Бели мугри “-Кочани во соработка со Музеј на град Скопје, организира Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.

Автор и координатор на мрежата „Музеум Линк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје.

Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

Овој проект е дел од годишната програма на НУЦК „Бели мугри“ -Кочани со финансиска поддршка од министерството за култура на Р.С.Македонија.

Проектот е насловен преземање на изложби за 2024 години во визуелни уметности – галериска дејност.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ