ОТВОРЕНА РЕТРОСПЕКТИВНАТА ИЗЛОЖБА 2013-2023 „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА КОЧАНИ И КОЧАНСКО“

декември 25, 2023
1 минути

Во присуство на ученици од основните училишта во Општина Кочани, ментори, како и други љубители на уметноста, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворена Ретроспективната изложба 2013-2023 „Културно наследство на Кочани и кочанско“.

За самата изложба и нејзиното значење свое обраќање имаше Илинка Атанасова – Советник археолог, носител и организатор на деценискиот проект од каде произлегуваат делата кои се поставени на Ретроспективната изложба која е под покровителство на Археолошкиот музеј на Македонија а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.

Изложбата за отвореа ја прогласи  Кристина Ѓорѓиевска Атанасова – директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

На учениците кои со свои дела допринесоа за поставувањето на оваа  изложба како и нивните ментори организаторот им врачи посебни благодарници.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ