ПРЕС НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ

октомври 27, 2021
1 min read

При денешната посета на Кочани лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба и со новинарите со цел да им се обрати на граѓаните. Мицкоски повика на масовно излегување на гласачките места во Кочани со цел да се урне оваа власт и како што рече нејзината погубна политика.

„Неколку дена пред вториот круг мојата порака до жителите на Кочани да излезат масовно на локалните избори, да го заокружат бројот 7, да заокружат за Љупчо затоа што на тој начин можеме сите ние заеднички да создадеме нова иднина, нова иднина која што ќе го порази ова политичко мочуриште и оваа наша погрешна реалност која што денеска ја живееме. Да застанат заедно со победничката нова иднина која што ќе ги победи овие локални избори во Македонија за да можат сите оние проекти кои што се значајни за народот на Македонија да бидат реализирани, кои што се значајни за народот на Кочани. Мојата порака е дека со останување дома тие ќе мислат дека тоа што досега го работеле било исправно и дека на тој начин повторно успеале да не излажат, и дека на тој начин ќе продолжат да ја распродаваат и пљачкаат нашата Македонија, народот на Македонија и народот на Кочани. Затоа , излезете масовно, заокружете го бројот 7, заокружете за Љупчо Папазов, заокружете за заеднички да создадеме нова иднина, иднина на промени, иднина на проекти и иднина на победи“, порача од Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски .

На новинарско прашање каква е неговата прогноза во вториот круг во Кочани, Мицкоски самоуверено одговори дека кандидатот Љупчо Папазов победува со 1.500 гласа разлика.

С. Ивановски