Во недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 7-то коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На програмата се неколку интересни натпревари но сепак вниманието го привлекува натпреварот во Кочани помеѓу „Осогово“ и „Рудар“ од Пробиштип.
Некогаш овие натпревари привлекуваа големо внимание кај љубителите на фудбалот бидејќи беа интересни, неизвесни но со многу фудбалски убавини бидејќи играа играчи кои и те како знаеа да ги разгалат срцата на својата публика.
Ако нкогаш беше така, зошто и во недела да не се повтори историјата, да има убав и отворен фудбал со многу голови. И едните и другите имаат играчи кои можат тоа задоволство да им го понудат на гледачите.
Двојки за 7-то коло:
„Осогово“ – „Рудар“
„Карбинци“ – „Брегалница“ (Д)
„Вардарски“ – „Овче Поле“
„Тиверија“ – „Академија Чешиново-Облешево“
„Победа“ (В) – „Спартмани“
„Малеш“ – „Дојранско езеро“
С. Ивановски