ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОНТРОЛА

октомври 21, 2022
0 минути

Комуналната инспекција на Општина Кочани со соработка со полициски службеници, в недела, на 23 октомври 2022 година ќе спроведе контролна акција на пазарот кај Автобуската станица.

Надлежните служби ќе ја контролираат узурпацијата на јавната површина од страна на продавачите на земјоделски и на индустриски производи.

Целта на акцијата е да се воспостави ред во користењето на јавните површини и  на безбедноста во движењето на сообраќајните површини.

Според Законот за јавна чистота, на јавни површини е забранета продажба на земјоделски и на индустриски производи, освен на места определени за таа намена.

Општина Кочани