ДРУГАТА СТРАНА НА КОЧАНИ – НИТУ СЕ ЧУВА, НИТУ СЕ ОДРЖУВА

октомври 23, 2022
0 min read

Се потрудил некој странец да вложи средства за да ни направи урбано и убаво место за живеење, за жал заборавил дека тоа се вложува онаму каде што е развиена цивилизацијата, а онаму каде нешто застано пред неколку века, тешко.

Фотографиите се направени на потегот од „Бавчалук“ па кон првиот мост на влезот во градот. Тие се кажуваат.

Според она што се гледа ниту некој го чисти и одржува овој потег, никој ниту го чува.

За да не должиме и да не предизвикаме некоја нова реакција, фотографиите нека зборуваат.

С. Ивановски