КРСТЕ КРСТЕВ СЕ ВРАТИ НА КОРМИЛОТО НА „СЛОГА 1934“

Во Спорт
октомври 25, 2022
0 минути

По заминувањето на Шефот на стручниот штаб на Виничкиот второлигаш Даниел Стојановски, од денес за нов кормилар на „Слога 1934“ е изменуван Крсте Крстев.

Крстев и е позната на фудбалската јавност во Виница. Пред три години кога „Слога 1934“ беше на последното место на табелата во Трета Фудбалска Лига – Исток успеа да ја воведе во мирни води а со одреден број на играчи во летниот преоден рок следната година го освои првото место и обезбеди влез во Втора Фудбалска Лига – Исток.

По завршувањето на првиот дел во сезоната 2020/2021 „Слога 1934“ под водството на Крсте Крстев со освоени 20 бода се искачи на петтото место, но по завршувањето на зимските подготовки некаде пред почетокот на пролетниот дел на првенството си замина од клубот.

Сега повторно е во Виница каде ќе се обиде екипата која е на претпоследно место со само 6 освоени бода да ја однесе во мирни второлигашки води.

„ Јасно е дека нималку нема да биде лесно. Слога 1934 е на претпоследното место на табелата, но, уште потешко беше пред три години кога го презедов клубот од последното место во трета лига и не само што влеговме во втора лига туку направивме стабилен второлигаш што ми дава надеж доколку успееме да останеме во лигата дека Слога 1934 во иднина повторно ќе биде клуб за почит во вторат лига.“ рече Крстев во телефонскиот разговор откако денес го одработи првиот тренинг со второлигашот од Виница.

С. Ивановски