ДВАЈЦА КАРАТИСТИ НА „КОЧАНИ“ ВО ПЛЕЈ ОФ НАТПРЕВАРОТ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
ноември 26, 2022
1 минути

Тројца натпреварувачи од Карате Клуб „Кочани“ настапија денес на Државното изборно првенство на Македонија што се одржа во Гостивар. Двајца натпреварувачи Наталија Карова и Иван Арсов ги освоија вторите места и се квалификуваа за плеј оф натпреварот што следниот викенд ќе се одржи во Скопје.

„Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Гостивар се одржа „Државното првенство за кадети, јуниори и У-21“ кое воедно е изборно за состав на Репрезентацијата на Македонија за настап на Европското Првенство кое во месец Февруари 2023 година ќе се одржи во Ларнака (Кипар). На државното првенство кое се одржа во Гостивар настапивме со тројца натпреварувачи и освоивме две втори места. Наталија Карова јуниорка -48кг и Иван Арсов кадети +70 кг , а натпреварувачот Петар Николов во борбата за репасаж за трето место беше повреден и не настапи“ беше изјавата на Игор Каров по одржаното Државно изборно првенство.

С. Ивановски