ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА ОД КОЧАНИ ЗАСАДИЈА НАД 1000 САДНИЦИ БАГРЕМ НАД СЕЛОТО БЕЛИ

ноември 26, 2022
0 минути

Здружени сили на Доброволното противпожарно друштво –Кочани, Општинската организација на Црвен крст Кочани, Ротари клубот „Кочани – Виница“ и Територијалната противпожарна единица – Кочани  денеска реализираа акција за пошумување на падините на Осоговските Планини над селото Бели.

На површините кои пред неколку години настрадаа во шумски пожари беа насадени над 1000 садници багрем, со поддршка на на ЈП „Национални шуми“ подрачна единица Кочани и Шумско стопанство  „Осогово“.

Акцијата е дел од планираното есенско пошумување на површини заради обновување на шумскиот фонд на Осоговските Планини.

Акцијата ја реализираа граѓански организации и здруженија од Кочани со надеж дека во иднина вакви акции ќе добијат на поголема масовност и одзив од граѓанските организации на територијата на Кочани.