Кој е кочничарот во Општина Кочани што не сака досега да се именуваат улици, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Кочани со имиња на наши сограѓани кои секој на свој начин оставиле траен белег во општината.
Уште пред минатата и минатата година беа доставени предлози до Советот на Општина Кочани а потоа беше направена и листа која законски требаше да се достави до Владата на Република Северна Македонија за добивање согласност за именување на објектите со имиња на наши сограѓани.
Во приложената листа даден е предлог некои улици да ги добијат имињата: Коце Ефремов, Борис Стојчев, Симеон Иванов Канго, Љупчо Василев а други структурни објекти како што се Соколаната и Спортската сала да се именуваат како Јордан Манов – Ѓавол и Сашо Лазарев – Чапо.
Предложената листа е усвоена на Советот на Општина Кочани и истата е заверена под број 09-619/1 од 25.02.2022 година ,објавена е во Службен гласник на Општина Кочани и тука работата е застаната.
Дали уште Владата се нема произнесено и не е дадена согласност или некој„голем“ кој се става пред законите не го дозволува именувањето треба одговор да дадат надлежните во Општината, поточно оние кои ги плаќаат граѓаните.
Во Понеделник на 26.12 2022 година закажана е 23-тата седница на Советот на Општина Кочани, убава можност да некој од советниците (доколку има желба работите да кренат во правилна насока) побара одговор до каде се стигнати работите и доколку целата процедура е завршена зошто оваа точка уште не се стави на дневен ред.
Доколку некој пак сака сето тоа да отиде „под тепих“ е друга работа.
Граѓаните се тие што го полнат Буџетот на Општината и ако никој друг, барем тие заслужуваат да ги добијат вистинските одговори.
С. Ивановски