НА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ОД МЗ „МИЛАН ЗЕЧАР“ НЕ ИМ БИЛ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ВО НИВНИОТ КЛУБ

декември 22, 2022
1 минути

Револтирани пензионерки вечерва ни испратија допис во кој обвинуваат за дискриминација во Пензионерскиот клуб во МЗ „Милан Зечар“ на улицата „Охридска“.

Како што појаснуваат денес не им било дозволено влегување во пензионерскиот клуб во нивната месна заедница од необјаснети причини.

„Вечерва од непознати причини не ни се дозволи да се собереме ние жените пензионерки во нашиот пензионерски клуб. Секој четврток ние жените пензионерки се собираме за да си поразговараме, да се напиеме чај или кафе, додека на другиот крај од просторијата пензионерите си играат табла, карти и си разговараат. Денес сакавме да се собереме за да се договориме за едно новогодишно дружење, но влез во просторијата не ни беше дозволен. Кој е тој што ја издал оваа наредба не знаеме, но треба да се знае дека и ние за време на работниот стаж плаќавме пензионерско осигурување, и на нас секој месец ни се сопираат пари од пензијата кои не знаеме за која намена и каде завршуваат. Ваква дискриминација не жените пензионерки не веруваме дека некаде постои. Која е намерата за ова допрва ќе се потрудиме да разбереме. Ве молиме да го објавите целиот текст за да видат какво понижување вечерва добивме“ се вели во писменото известување кое стигна на нашата адреса.

С.  Ивановски