РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИ ОД НАСЕЛБАТА „НЕДОПИРЛИВИ“

август 20, 2023
1 минути

„Комуналното претпријатие Водовод од Кочани во месец јули 2022 година ископаа три дупки за да отстранат дефект. Од тогаш до сега поминаа тринаесет месеци и ниту дупките на улицата ниту на тротоарот ги покрија. Тротоарите сега се обраснати со шума па пешаците мора да се движат по улицата. Во и околу дупките има песок кој им пречи на возачите кога поминуваат со нивните возила бидејќи улицата е со голема угорнина. Неколкупати се имаме јавувано во Водовод а од таму никаква реакција. До сега се снаоѓавме како знаевме. Некои станари честопати околу зградите ја косаеа тревата но ова на улицата е со голема површина и едноставно смета на сите. Сега се надеваме дека новиот директор можеби ќе се смилува и ќе испрати екипи да го санираат она што тие го растурија“ стои во реакцијата на дел од жителите од населбата „Недопирливи“ во Кочани

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ