ДЕЛНИЦАТА КРУПИШТЕ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ, ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

декември 26, 2022
1 min read

По седум години градежни активности денес и официјално беше пуштена во употреба  делницата од Експресниот пат Крупиште – Кочани.

Делницата во употреба ја пушти Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски а на церемонијата освен поканетите гости присуствуваа и Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми – Директор на ЈП за државни патишта.

Делницата чија должина изнесува 13,7 километри, и за која се потрошени 18,2 милиони евра, е широка 11,4 метри, од кои  има две коловозни ленти од по 3,5 метри, две ленти од по 2 метри за застанување и два рабника од по 0,20 метри. Максимално дозволената брзина на Експресниот пат изнесува 110 км/час.

Со пуштањето во употреба на оваа делница како дел од Експресниот пат Штип – Кочани чија должина изнесува 28 километри, од источниот дел на земјата до останатите делови од Македонија ќе се стигнува и побрзо и посигурно.

DCIM101MEDIADJI_0387.JPG

С  Ивановски