Со доделувањето на уверенијата на новиот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов и на деветнаесетте членови на Советот на Општината, започна новиот мандат на локалната власт.
Врачувајќи им ги уверенијата, претседателката на Општинската Изборна Комисија – Кочани, Билјана Димовска Гичева истакна дека на Локалните избори 2021 жителите со право на глас им ја дале довербата за раководење на општината во наредните четири години и им посака успешна и конструктивна работа.
Што се однесува до Советот на Општина Кочани ниту една партија со своите коалициони партнери нема мнозинство, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат по 8 советника, додека Левица, ЛДП и ДОМ, како и Венко Крстевски од Независната листа на советници добија по еден советник.
С. Ивановски