ИЗВРШЕНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК

ноември 8, 2021
0 минути

Во присуство на медиумите од општината, денес по свеченото врачување на Уверенијата за новиот мандат на градоначалник и членовите на Советот на Општина Кочани беше извршено и примопредавањето на функцијата Градоначалник.

Досегашниот градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев најпрвин му посака добредојде на Љупчо Папазов новиот Градоначалник на Општина Кочани, му го честиташе мандатот посакавувајќи му добро здравје и успешно вршење на финкцијата градоначалник се за доброто на граѓаните на Општина Кочани.

Одговарајќи на новинарски прашања Илијев го запозна својот наследник со моменталната финансиска состојба на општината како и со започнатите проекти за кои веќе се обезбедени средства и од Буџетот на Општина Кочани и од меѓународните фондови.

По примањето на функцијата Папазов изјави дека  она што било зацртано во неговата програма тоа ќе почне и да се реализира. Приоритет ќе се даде на некои проекти од големо значење за населението но притоа нема да се остават и започнатите проекти.

С. Ивановски