МЕЃУОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ОЧЕКУВА ДЕЦАТА ДА БИДАТ ЗГРИЖЕНИ

јануари 9, 2023
0 минути

Несекојдневната слика која во последните два месеци која ги потресува кочанчани се децата бездомници кои и во овие вечерни часови спијат на отворен простор, под скалите на картони.

Денес во разговор со надлежните од Јавна Установа „Меѓуоштински центар за социјални работи“ – Кочани дознаваме дека тие се запознаени со случајот и веќе упатиле известување до надлежните институции во државата и деновиве чекаат позитивен одговор што значи дека дечињата ќе бидат згрижени.

И добро е доколку така се постапи и дечињата бидат згрижени, бидејќи се најавуваат многу ниски температури во кои на отворен простор да се спие е повеќе од ризично.

С.  Ивановски