Во организација на Боречка Федерација на Северна Македонија и техничка организација на БК „Спартак“ во Сабота (18 Февруари) Кочани ќе биде домаќин на „Изборното првенство во борење слободен стил и борење за жени за пионери и пионерки У-15.
Мерењето на борачите е од 09:30 – 10:00 часот, а натпреварите во Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ ќе започнат во 11:00 часот.
На првенството право на настап имаат борачи родени 2008 и 2009 година регистрирани за настапи во 2023 година а со специјален лекарски преглед ќе можат да настапат и родени 2010 година.
И во машка и во женска конкуренција учесниците ќе се натпреваруваат во 11 категории.
С. Ивановски