ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ЗГ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“

февруари 16, 2023
0 min read

Денеска, во просториите на општинската сала на Општина Кочани беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“.

Проектот „Младински локални банки” има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница, што резултира со општинско финансирање на младински проекти.

„Младинската локална банка” на Општина Кочани ќе овозможи на 10 учесници – членови на локалниот одбор на младинската банка да дејствуваат како креатори на промени во нашата заедница.