АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 3, 2025
0 минути

Амбасадорот на Шведска, Н: Е. Ола Сулстром денеска оствари официјална  средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска. 

Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува за Кочани, особено за брзата и значајна помош веднаш по трагедијата на 16 март, како и за реализираните средби и психосоцијални активности што следеа во периодот по настанот со делегација од Гетеборг, во која беа и преживеани од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг. 

Двајцата соговорници ја потврдија важноста на досегашната соработка и ја истакнаа подготвеноста за нејзино натамошно продлабочување преку нови иницијативи и проекти во интерес на локалната заедница. 

Градоначалникот Грозданов посочи дека ваквите партнерства се од клучно значење за забрзан развој и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ