ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РОМИТЕ

април 8, 2022
0 минути

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели:

„Почитувани сограѓани,

Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам многу здравје, мир и успех.

Нашата посветеност кон унапредување и достигнување повисоки стандарди во општеството и во иднина ќе остане наша цел, без разлика на верската и етничката различност во заедницата, зашто само со инклузија на Ромите во сите сфери, би ги надминале предизвиците со кои тие се соочуваат.

Општина Кочани ќе продолжи да работи на проекти за поддршка на ромската заедница, кои ќе бидат значајни за целокупниот интерес.

Нека Ви е честит празникот!“

Градоначалник на Општина Кочани
Љупчо Папазов