„АНГАЖИРАЈ СЕ“ – АКЦИЈА ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

март 13, 2024
1 минути

„Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ е пораката која се испраќа со акцијата за чистење на ѓубрето во кругот на Стара касарна под АСНОМ во Кочани. Организаторите ги повикуваат сите граѓани и локални организации да бидат дел од акцијата која ќе се случува во четврток, 14 март, во периодот од 09.00 до 12.00 часот. За поголема успешност поддршка даваат и екипи на ЈП Водовод, а потврдено е и учството на населението кое живее во непосредна близина на местото. Активноста е дел од проектот на СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment” кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ