Екипите од Одделение за пласман, продажба и наплата денес спроведуваа акција за контрола за потрошувачка на вода во населбата “Прокарка”. При контролата се откриени повеќе приклучоци на водомери кои се манипулирани, односно состојбата е вратена назад или нелегално се отстранети водомерите за да не се отчитува потрошувачката.
За констатираната состојба кај повеќе корисници е известен комунален инспектор, а исто така во текот на денот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до други надлежни институции за понатамошно постапување.
Акциите за контрола на приклучоците на водомерите ќе продолжат и во текот на наредните денови на други улици во градот и во населените места во Кочани.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување водоводната и канализационата мрежа !!!
КЈП Водовод
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ