АНКЕТА ЗА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ ВО КОЧАНИ

август 5, 2025
1 минути

Почитувани жители на Кочани,

Ве покануваме да се вклучите во анкетата поврзана со изработката на План за одржлива урбана мобилност, што Општина Кочани ги реализира како дел од проектот „Развивање планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).

Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина.

Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој бара работа и координација помеѓу поврзаните политики и локалните чинители. За соодветна транзиција кон одржлива мобилност бараме активна поддршка од пошироката јавност со вклучување во текот на процесот на планирање,  добра проценка, анализа на различни политики за одржлива урбана мобилност со стратешки пристап, затоа, ве повикуваме да одговорите на прашалникот за предлог-мерки.

Пополнувањето на прашалникот нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

Ви благодариме!

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeAqtshe0qAJd1w0V1ANLBmUKbJn-VNZtcjCqaZeMyL5s3UZQ/viewform

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ