АПЕЛ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ВИНИЦА ЗА УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА ЗА ОДГОВОРНО И БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО ВО ВИНИЦА

март 15, 2024
1 минути

Соопштение

На ден 16.03.2024 (сабота) во училишниот двор на ОУ “Гоце Делчев” во 11:30h ќе се одржи кампања за одговорно и безбедно детство во Виница.

“Дизајнирај го својот БЕЗБЕДЕН СВЕТ. Дојди и КРЕИРАЈ го твојот сообраќаен знак!”

Со оваа порака, ние, група на засеганати граѓанки од Виница ги повикуваме граѓаните и учениците да дојдат, заеднички да се организираат и застапуваат за правата на децата безбедно да се движат кон и од училиште.

Организираме настан со кој сакаме да апелираме да се зголеми безбедноста на учениците надвор од училишните згради и да го насочиме вниманието кон необележаните пешачки премини, недостатокот од сообраќајни знаци и сообраќајна сигнализација околу ОУ Гоце Делчев.

Активноста е непартиска граѓанска иницијатива во рамки на програмата „Girl’s power” како дел од проектот на граѓанската организација СИГА ,,Girls’

Leadership Initiative for Community Empowerment”, кој е поддржан од

Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Камелија Илиева,

член на граѓанската иницијатива

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ