Родител чие дете е со престој во Градинка „Павлина Велјанова“ – Клон 1 ни испрати допис, односно апел во кој се вели:
„Без разлика чие е ова возило апелирам до неговиот сопственик да го отстрани од тротоарот бидејќи овде е постојано паркирано. Поради лошо паркираното возило односно поради узурпацијата на тротоарот од негова страна принудени сме со дечињата кога ќе ги носиме и земаме од градинката наместо по тротоарот да ги симнуваме на улицата по која често пати пребрзо некои возат. Целта ми е со овој апел упатен лично до него понекогаш да помисли дека тоа се мали дечиња и дека тротоарот е направен за пешаци а возилата има каде да се паркираат. Не е прв пат да е овде, а јас бидејќи секојдневно го гледам мислам дека овде е со постојано паркирање. Надевам се дека ќе ја сфати мојата порака односно мојот апел пријателски и ќе го ослободи просторот за оние за кои е наменет. Ви благодарам однапред за објавувањето на мојот апел“.
С. Ивановски