„ИНТ ТРЕЈД ДООЕЛ“ ОД КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ДВА ЛАПТОПИ НА „БИСТРИ УМОВИ“

ноември 23, 2023
1 минути

„ИНТ Трејд Дооел“ од Кочани донираше 2 лаптопи на „Бистри Умови“ кои ќе бидат наменети за учениците (натпреварувачи) кои се во Македонскиот тим на Балканска Јуниорска Олимпијада по Информатика, за која оваа година домаќин е нашата Држава.
Олимпијадата почнува овој викенд и ќе се одржува во Хотел „Сириус“ во Струмица , каде што во организацијата покрај Здружение на Информатичари се најде и кочанското Здружение „Бистри Умови“, а во самата организација и Претседалот на Бистри умови Анита Атанасова-Грчев.
Двата лаптопи денес беа предадени од сопствениците на „ИНТ Трејд Дооел“ од Кочани кои уште еднаш покажаа дека се општествено одговорна компанија, а истите ги прими Владимир Грчев кој е и еден од Натпреварувачите кои ја претставуваат Нашата Држава и оваа година.

Покрај овие два лаптопи кои се обезбедени од „ИНТ Трејд Доел“ од Кочани, „Бистри Умови“ заедно со ЗИМ и на останатите македонски натпреварувачи им обезбеди по еден лаптоп исто така.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ