Ознака: апел
НА ПОТПОРНИОТ ЅИД (Р’ТМОТ) КАЈ „ЛЕТНАТА СЦЕНА“ МУ Е ПОТРЕБНА САНАЦИЈА!
Како што не информираат наши сограѓани потпорниот ѕид (р’тмот) во близина на „Летната сцена“ е оштетен и потребна е негова санација. Имено во дописот што ни е испратен посочуваат дека ѕидот е веќе доста искривен и целиот е напукнат и постои можност за негово рушење што ќе предизвика поголема штета. За тоа сведочи како што…
ОПШТИНА КОЧАНИ АПЕЛИРА ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПАЛЕЊЕТО НА СТРНИШТАТА
Општина Кочани апелира да престане палењето на стрништата – оваа штетна навика што се применува врз земјоделските површини е опасност по човечките животи и материјалните добра и е казнива. Палењето на стрништата носи долгорочни последици. Со согорувањето на органската материја се загадува воздухот и се емитуваат стакленички гасови кои се главни причинители за климатските промени….
АПЕЛ ЗА ЦЕЛОСНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БЛОКАДАТА КОН ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ
Општина Кочани упатува апел до граѓаните и здруженијата коишто го блокираат патот кон Градската депонија во Кочани, целосно да ја отстранат блокадата за да може КЈП „Водовод“ непречено да врши транспорт и депонирање на комуналниот отпад. Натамошната блокада на патот ќе придонесе за создавање нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава…
ВАШАТА ДОНАЦИЈА ЗА МОИТЕ ДЕЧИЊА ЗНАЧИ МАЈКА, ВЕ МОЛАМ ДОНИРАЈТЕ И СПОДЕЛУВАЈТЕ
Јас Сања Шилковски 36 години сопруга и мајка на 2 малолетни деца ( 10 години и 5 години ), веќе неколку години се борам со најтешката болест тумур на главата – 3 операции од кои 2 во Р.Македонија и последната пред 3 месеци во Истанбул, Р.Турција. На првата операција не беше изваден целосно тумурот но…
АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО И СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ПОЖАРИ
Поради високиот ризик за појава на пожари, Општина Кочани, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани упатуваат повик до сите граѓани за внимателно, совесно и одговорно однесување при употреба на запаливи средства. Во пресрет на продолжениот викенд, како и на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, кога се очекува зголемена фреквенција на…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ
Семејство од Битола бара доброволци што ќе даруваат крв 0 позитив. Се работи за бебенце кое моментно е сместено во Систина. Контакт: 076-891-038 П.С. Крвта е обезбедена. Родителите се заблагодаруваат на сите што им се јавиле, понудиле и што дарувале крв. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА 4 ГОДИШНИОТ ЉУПЧЕ ГОРГИЕВ ОД КОЧАНИ
Почитувани пријатели Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза ( искривување на ‘рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно,и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија,па затоа мора да се оперира во Турција….
ГРАЃАНИ АПЕЛИРААТ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ОСПОСОБАТ ШАХТИТЕ ЗА ОДВОД
По најавите дека нашиот регион е во групата во која се очекува невреме, група граѓани ни се јавија со молба до надлежните служби во општината да додека има време се интервенира да се оспособат шахтите особено на критичните места во градот за да водата несметано истекува во одводите. Како што потенцираа тие во минатиот период…
ОПШТИНА КОЧАНИ – АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА
Општина Кочани во соработка со ОО Црвен Крст Кочани упатува апел до сите фирми и поединци од Општина Кочани дека може да донираат средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сиријска Арапска Република. Освен финансиски средства може да се донираат и материјални добра кои се наведени во апелот. Сите детални информации се наоѓаат…
- 1
- 2