АПЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Жители од улицата „Илинденска“ до порталот komarec.com.mk испратија допис со кој апелираат до градоначалникот на Општина Кочани да ги реши проблемите со кои се соочуваат.

Имено како што истакнуваат гледаат дека од асфалтирање на нивната улица нема ништо иако во неколку изборни циклуси тоа им се ветува, па сега бараат барем со значително мала инвестиција да им се помогне.

Како прво бараат на скалите кои од кулата водат до улицата се постави метална ограда бидејќи истите ги користат и постари лица и мали дечиња па лесно може да се предизвика некоја несакана последица.

Второ што бараат е да се испратат екипи да ја исчистат бујната вегетација околу скалите. Наидуваат горештини и честопати овде се појавувале змии кои излегуваат од густата трева и ги зкористат топлите делови од скалите па не е добро жителите посебно најмладите да имаат непосреден контакт со нив.

На крајот како што истакнуваат не бараат премногу, туку да им се овозможат услови за нормално движење по скалите, инвестиција која е занемарлива во однос на некои други трошоци.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ