ЏУДИСТИТЕ НА „ИПОН“ ОД СКОПЈЕ ШАМПИОНИ ВО ЕКИПНА КОНКУРЕНЦИЈА

Во Спорт
декември 12, 2021
0 минути

Во организација на Џудо Клуб „Гладијатор“ и Џудо Федерацијата на Македонија денес во Кочани се одржа Државното екипно првенство во џудо микс.

Поради состојбата со Ковид 19 на првенството учествуваа само четири екипи со педесетина натпреварувачи.

По доста интересни борби Државен шампион во екипна конкуренција микс станаа членовите на Џудо Клубот „Ипон“ од Скопје, пред „Сеишин“ од Прилеп и „Гладијатор“ од Кочани.

Државното екипно првенство во џудо микс воедно беше и последното натпреварување во оваа година, по кое џудистите заминуваат на заслужен одмор.

С. Ивановски