АПЕЛ ЗА ПОМОШ – ИЗГУБЕНО КУЧЕНЦЕ ВО КОЧАНИ

јануари 10, 2026
1 минути

Почитувани,

Се обраќам со љубезна молба за објава во вашите медиуми за нашето изгубено кученце, со надеж дека информацијата ќе стигне до што повеќе жители и ќе ни помогне да го најдеме.

Кученцето е шаренко (бело со сиво-кафеави шари), машко, старо 2,5 месеци. Не е расно, туку улично кученце. Ќерка ми го најде еден ладен, дождлив ден, беше гладно, смрзнато и без мајка, по што го згриживме пред околу 1,5 месец.

Кученцето е чувано во домашни услови, прочистено и вакцинирано, а треба да прими ревакцина на 20 јануари, поради што до тогаш не е препорачливо да доаѓа во контакт со други кучиња. Многу е питомо и друштвено, но можно е да биде исплашено и гладно доколку лута само. Одговара на имињата Макс и Лаки.

Изгубено е пред 3–4 дена во Кочани, на ул. Павлина Велјанова, под Жито. Оттогаш очајно го бараме.

Доколку некој го има прибрано и сака да го задржи, подготвени сме да се договориме и да помогнеме кученцето да порасне здраво и безбедно.

Ве молиме да ја споделите оваа информација за да ни помогнете да го најдеме.

Контакт телефон: 078 317 639

Е-маил: [email protected]

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ