СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ СО ИНДЕКСОТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ

октомври 29, 2022
1 минути

Во четвртокот во ресторан „Але-Дар“ во Кочани членовите на Здружението на сметководители на Кочани одржаа состанок на иницијатива на сметководители од сметководствените агенции од Кочани.

Прва точка на дневниот ред за која се разговараше на состанокот беа цените за сметководствените услуги.
Сметководителите едногласно се сложија дека треба да ги усогласат цените на сметководствените услуги со индексот на зголемување на трошоците за живот.
Според последните соопштенија на Државниот завод за статистика индексот на трошоците на живот во септември 2022 година, во однос на септември на септември, бележи зголемување од 18.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.7%.

Втора точка на дневниот ред беше утврдување на минимална цена за сметководствени услуги кај микро фирми дооел, доо, ТП и ПЗУ.

Здружение  на  сметководители – Кочани