Со средства од општинскиот буџет е асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, која претставува сообраќајна врска меѓу населеното место Тркање и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.
Улицата е со должина од 570 метри и ширина од 4,2 метри, со уредени банкини од двете страни, што значително ја подобрува безбедноста и функционалноста на сообраќајот во овој дел од селото.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ од Кочани, а за реализација на проектот од општинскиот буџет се издвоени близу 4 милиони денари.
Наскоро оваа улица ќе биде поврзана со новиот планиран сообраќаен влез во селото Тркање.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
