БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ

Во Спорт
октомври 1, 2024
1 минути

Од 03-06 Октомври Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на Балканското првенство во борење за пионери, кадети и младинци, момчиња и девојчиња.

На првенството ќе се натпреваруваат борачи од 12 држави а борбите ќе се одржат во салата „Борис Трајковски“ на четири душека.

 

Репрезентацијата на Македонија по успешно спроведените десетдневни подготовки во Штип со доза на голем оптимизам го пречекува ова првенство.

Инаку Македонија за прв пат во својата историја, од отцепувањето на Југославија ќе биде домаќин на едно вакво првенство кое љубителите на борењето се сигурни дека ќе биде одлично организирано.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ