КОЧАНИ ДОМАЌИН НА КУРС ЗА ТРЕНЕРИ И СУДИИ ВО БОРЕЊЕТО

Во Спорт
април 20, 2022
1 минути

Во организација на БФРСМ (Боречка Федерација на Република Северна Македонија) и УВВ (Светска Боречка Асоцијација) од 02-09 Мај, Кочани ќе биде домаќин на курс за тренери и судии.

Секој боречки клуб од Македонија ќе го застапуваат по двајца тренери.

Од 02.мај започнува курсот за тренерите чиј едукатор ќе биде Георги Средков од Бугарија, додека курсот за судии официјално започнува од 04 мај а негов едукатор ќе биде Давор Петањек од Република Хрватска.

Освен теоретски на курсот ќе има и практичен дел за чија цел на 08 Мај ќе се организира натпревар во борење во категоријата У-17.

С. Ивановски