ЧУДНИ ОДЛУКИ НА ДИСЦИПЛИНСКИОТ КОМЕСАР НА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
март 31, 2023
1 минути

Настаните од 15-тото коло од одиграниот натпревар во Трета Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ – „Спартмани“ го добија својот епилог.

Дисциплинскиот комесар на Трета Фудбалска Лига – Исток Илија Митров на состанокот пдржан на 30.03.2023 година (Четврток) ги донесе следните одлуки:

-ГФК „Осогово“ за слаба организација на натпреварот се казнува со ОПОМЕНА;

-ФК „Спартмани“ за неправилен настап на фудбалер му се одземаат 3  бода од освоените;

-Претставникот на ГФК „Осогово“ Бранко Богатинов за навреди и неспортско однесување се казнува со ОПОМЕНА;

Претставникот на ФК „Спартмани“ Ѓорѓи Митев поради неправилен настап на фудбалер се казнува со ОПОМЕНА;

-Јоже Јованов – Комесар за безбедност од ГФК „Осогово“ за физички напад се казнува со забрана за вршење функција во времетраење од 6 месеци и казна од 100 Евра во денарска противвредност;

Филип Лазаров играч на ФК „Спартмани“ поради неправилен настап се казнува со не играње на 3 првенствени и Куп натпрецари и и казна од 50 Евра во денарска противвредност.

ДА  ПОТСЕТИМЕ: Натпреварот „Осогово“ – „Спартмани“ помина фо фер и коректна игра од страна на сите играчи се до 84 минута. Тогаш по еден груб фаул од страна на гостински играч, играч од домашната екипа остана на тревата каде му се даваше лекарска помош. Тогаш голманот на гостите заведен во Записникот Јосиф Милчев заведен во записникот под број 1 со легитимација број 132098 без да биде повикан од судијата го напушти својот шеснаесетник и дојде на повеќе од триесет метри од неговиот гол каде лежеше повредениот игра на домаќините. При враќање во својот казнет простор дофрли нешто на публиката и на домашната клупа од каде следеше реакција, но со правивремена интервенција на играчите и стручните штабови на двете екипи не дојде до контакт на гостинскиот голман со член од домашната резервна клупа. По завршување на натпреварат проструи веста дека во тунелот под трибината дошло до физички напад кон гостинскиот голман. Кој побарал медицинска помош во Општа болница во Кочани каде пак се пријавува како Филип Лазаров (така е заведен и во билтенот на Полициска станица – Кочани) а не како Јосиф Милчев.

Сето тоа му беше поставено на увид на Дисциплинскиот комесар на Трета Фудбалска Лига – Исток, чии донесени одлуки се повеќе смешни отколку сериозни.

Македонски фудбал, и се е можно.

С. Ивановски