Градоначалникот Папазов бара јавно извинување од членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов за изречена груба клевета
Членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов, на 6 април оваа година, во изјава пренесена преку електронски и традиционални медиуми изрече невистини и клевети кон градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
„Изречената груба клевета ги нарушува мојата чест и углед и претставува основ за заштита и надомест на штета, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Доколку поседувате соодветни докази дека одредени субјекти кои добиле тендери носеле пари во ќеси кај мене дома, Ве повикувам во најкраток можен рок да ги доставите до органите на прогонот. Во спротивно, барам од Вас, дадената изјава од 6 април 2023 година да ја повлечете и притоа да се извините на истиот начин и во истиот обем со кои е сторена“ – стои во писменото барање на градоначалникот до Аки Акиов.
Според законскиот рок, Акиов треба јавно да се извини за 48 часа од приемот на писмениот допис. Во спротивно градоначалникот Љупчо Папазов ќе поведе судска постапка, а средствата од отштетата ќе ги намени за хуманитарни цели.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ