„ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ“ ВО ДВОРОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА.

април 27, 2023
1 минути

„Детското игралиште“ како дел од заедничкиот прокет на ООУ „Никола Карев“ – Кочани и Ротари клуб „Кочани-Виница“ денес кога училиштето го слави својот патронен празник и официјално беше пуштено во употреба.

„Денеска официјално во употреба го пуштивме Детското игралиште во нашето училиште. Ова детско игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот Кочани-Виница во склоп на проектот „Направи разлика“, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип. Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште се реализира од страна на пректот ,,Направи разлика”. Благодарност и до Општина Кочани што ни ги додели старите детски лулашки за да ние како училиште ги репарираме и поставиме. Поставивме клупи и столчиња на самиот детски парк. Благодарност и до бизнис секторот, односно компаниите: “Европа 92”, Алма”, “Кузе 2000”, ” Mr.Black” и ”Есклузив” кои ни помогнаа и заедно со нашето училиште финансиравме и поставиме специјална гумирана подлога и специјална заштитна ограда на детскиот парк“ изјави Александар Андов в.д. директор на ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ