НА ЗАМИНУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ ОСТАВА ФИНАНСИСКИ СТАБИЛНА ОПШТИНА И ЗАПОЧНАТИ ДВАЕСЕТИНА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

ноември 5, 2021
1 минути

По соопштувањето на официјалните резултати за Локалните избори 2021 година спроведени во Кочани, претстои примопредавањето на највисоката извршна локална функција на новоизбраниот градоначалник на Кочани.

Во функција на транспарентното и отчетно работење е информирањето на граѓаните за финансиската состојба на Општина Кочани и за тековните и претстојните проекти во кои се вложени буџетски средства.

Состојбата на сметки на 05.11.2021 година е следнава:

  • сметка: 736014044463010 = 8.000.758,00 денари
  • сметка: 7360140444785Г0 = 1.170.000,00 денари
  • сметка: 736014044478983 = 1.955.440,00 денари
  • сметка: 7360140444789А7 = 16.000.000,00 денари
  • сметка: 736014044493012 = 32.948.611,00 денари
  • сметка: 7360140444789В1 = 1.602.054,00 денари
  • сметка: 7360140444785О6 = 300.000,00 денари
  • сметка: 736014044478964 = 550.800,00 денари
  • сметка: 736014044478983 = 306.055,00 денари
  • сметка: 736014044478964 = 143.850,00 денари
  • сметка: 736014044478907 = 25.615,00 денари
  • сметка: 736014044478979 = 36.486,00 денари

Вкупното салдо на сите сметки на Општина Кочани на 05.11.2021 година изнесува 63.039.669,00 денари.

Реализацијата на Буџетот заклучно со 05.11.2021 година е 223.994.746,00 денари.

Новото раководство добива започнати 20-ина проекти со избран изведувач, тековни работи или со обезбедени средства за реализација. Подготвена е и проектна документација за уште 10-ина други проекти.

Во продолжение ги наведуваме проектите во фаза на реализација односно проекти кои се со одобрение и избран изведувач:

1. Реконструкција на преминот преку железничката пруга кај зградата на Основниот суд – Кочани и на Ветеринарната станица; (ЈП Железничка инфраструктура, обезбедени средства од Владата)

2.Асфалтирање на улицата „Христијан Карпош“ во с. Оризари и улица во Грдовци (избран изведувач);

3.Реконструкција на ул. „Роза Петрова“ со изградба на тротоар од едната страна (започната изведба);

4.Реконструкција на улицата „Раде Кратовче“ (започната изведба и обезбедени средства од Министерството за транспорт и врски)

5.Реконструкција на улицата „Гошо Викентиев“ (реконструирана канализациска и атмосферска мрежа и обезбедени средства од МТВ)

6.„Планински велосипедски рај“ – изградба на планинарски дом и на велосипедски патеки (реализација во завршна фаза, средствата се обезбедени од Владата)

7.Донација од UNDP – 24.000 швајцарски франци за ТППЕ – Кочани (за набавка на возило и друга опрема)

8.Изградба на кружен тек кај печатницата „Генекс“ (во тек на реализација)

9.Изградба и реконструкција на крак на улицата „Роза Петрова“ со паркинг на Калиманова Глава (во фаза на реализација)

10.Изградба и реконструкција на улицата „Иван Иванов Балашо“ со изградба на паркинг кај Недопирливи (во фаза на реализација)

11.Реконструкција на Градскиот парк со изградба на фонтана и јавно осветлување (во фаза на реализација)

12.Изградба на разделно зеленило од кружниот тек кај Автобуската станица до кружниот тек кај Бензинската пумпа на „Лукоил“ (во фаза на реализација)

13.Изградба на булевар на „Стево Теодосиевски“ (поранешна „Ленинова“) со два кружни тека (во фаза на реализација)

14.Осветлување на „Станбена улица 1“ и на булеварот „Стево Теодосиевски“ (во фаза на реализација)

15.Реконструкција на канализациската мрежа во селото Тркање (1 650 м) и поврзување на Пречистителната станица за отпадни води од 2 000 м (избран изведувач и обезбедени средства од Швејцарската агенција)

16.Изградба на колектор за поврзување на Оризари со Пречистителна станица за отпадни води и канализирање на Кочански Дол (избран изведувач и обезбедени средства од Швајцарската агенција)

17.Регулација на Кочанска Река од месноста Бавчалук до мостот кај Зебец; (во тек на реализација и обезбедени финансиски средства)

18.Обезбедени средства за изградба на потисен цевковод од 2250 м

19.Изградба на бараки за дислокација на социјално ранливите семејства од Старата касарна (избран изведувач и обезбедни 16.000.000 денари на наменска сметка)

20.Обезбедени 3.000.000 денари за изградба на локален пат од м.в. Крушка-м.в. Ајдар (втор дел)

21.Обезбедени 1.700.000 денари и во тек е избор на изведувач за систем за греење и ладење во Мултикултурниот центар

22.Оградување на игралиште во с. Грдовци (избран изведувач и започнати работи)

23.Изградба на подземни контејнери на 5 локации во централно подрачје на Кочани.

Вкупната вредност на сите овие проекти е повеќе од 300.000.000,00 денари, односно 5 милиони евра. Подготвена е техничка документација за следните проекти:

1.Основен проект за реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“;

2.Основен проект за пешачки мост на Кочанска Река со одобрени средства за реализација;

3.Проекти за изградба и реконструкција на повеќе од 20 улици во градот и населените места;

4.Проект за кружен тек на крстосницата на улицата „Димитар Влахов“ и „Павлина Велјанова“ (кај Маркос);

5.Проектна документација за брана на Арамиска Чешма.

6.Ревидиран проект за изградба на Старечки дом.