„БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА

декември 19, 2025
1 минути

На 26.12.2025 година во НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани гостува новогодишната детска театарска претстава „ Дедо Мраз и изгубениот костим “ во продукција на АРТЛЕНД БЕЈБИ од Скопје, работена на текст на Катерина Лазаровска, а во режија на Трајко Јордановски.

Улогите ги толкуваат: Никола Милошевски, Шинаси Рамадан, Димитрина Мицкоска- Трајкоска, Ристина Николова, Невена Георгиева, Борко Биџовски и Марко Новески.

Претставата ќе се изведе во големата сала во 19 часот.

Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 150 денари.

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ