Во организација на Боречкиот Клуб „Тефејуз“ во саботата во Спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа 18-тиот меѓународен турнир во борење слободен стил „13 Ноември“ на кој зедоа учество борачи од Македонија, Турција, Албанија, Бугарија и Косово.
На турнирот се натпреваруваа борачи од генерациите 2009, 2010 и 2011 година.
Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани учествуваше со шест борачи кои освоија три медали од кои по една златна, сребрена и бронзена.
Даријан Павлев освои златен медал во категоријата до 68 килограми, Павел Темелков освои сребрен медал во категоријата до 68 килограми, а со бронзен медал се закити Едис Билалов во категорија до 48 килограми.
Останатите тројца борачи: Јован Илијев, Андреј Јованов и Беркај Билалов останаа без пласман.
Тренер на борачите беше Иван Јанев а кочанското борење го претставија и судискиот двоец Игор Христов и Гоце Ангелов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ