Денес во Хасково (Бугарија0 во организација на Боречкиот Клуб „Хасково“ се одржа традиционалниот турнир во борење грчко-римски стил „Купа на Хасково“.

Во конкуренција на повеќе од 200 борачи тројцата претставници на БК „Спартак“ од Кочани освоија еден златен и еден бронзен медал додека третиот натпреварувач заврши на петтото место.

Златниот медал го освои Јован Илиев во категорија до 55 килограми а воедно беше прогласен и за „најдобар странски натпреварувач на турнирот“.
Третото место и бронзениот медал го освои Даријан Павлев во категорија до 65 килограми, додека Филип Ангелов во категорија до 80 килограми заврши на петтото место.

Тренер на екипата од Кочани е Зоран Сребренов кој од домаќините доби посебна плакета а воедно и договор за понатамошна соработка на двата клуба.
Гоце Ангелов ја делеше правдата на душекот.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
