„Wrestling Academy for Positive Values“ е проектот кој што изминатите три дена (Четврток – Сабота) се одржуа во Штип и Кочани.
Проектот е во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија во соработка Хрватската и Српската Боречка Федерација, а истиот е подржан од Европската Унија (Еразмус + проект).
Првиот дел од проектот започна во склоп на Светското Првенство во борење што се одржа во Белград (Република Србија), а кај нас во Македонија се одржува теоретскиот и практичниот дел со присуство на 10 тренери и 30 борачи во машка и женска конкуренција..
Теоретскиот дел се одржа во Хотел „Бриони“ во Штип, додека практичниот во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани.
Дејан Богданов – Претседател на Боречката Федерација на Северна Македонија и Тин Брегович – Генерален секретар на Боречката Федерација на Хрватска го отворија проектот на кој присуствуваа и Драгана Савева – Генерален секретар на БФСМ и членот на УО на БФСМ Ахмед Адеми.
Едукацијата за фер-плеј однесувањето е дело на тренерот воедно и професор Виктор Богданов а едукација за повредите на Сандра Ташкова.
С. Ивановски