ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, 37 ПОГОДОЦИ ВО ВТОРОТО КОЛО

Во Спорт
септември 17, 2022
0 минути

Се одиграа натпреварите од второто коло од Првата Фудбалска Лига – за жени. На пет средби постигнати се 37 погодоци или 7,4 по натпревар, што уште еднаш ја покажа разликата во квалитет на екипите.

Повратникот во лигата „Кочани“ немаше сили против далеку поспремната екипа на „Љуботен“. „Жетварките“ примија 13 погодоци  и можат да бидат задоволни бидејќи не се ниту еднаш заканија. Ако се каже дека најсветла точка во домашната екипа беше голманот Клара Андреевска која спаси неколку сигурни погодоци се е кажано.

Во Македонска Каменица мошне интересен и неизвесен натпревар одиграа „Каменица Саса“ и „Деспина“, во Струга домаќините ја поразија екипата од Дојран додека на останатите две средби далеку поквалитетните „Скопје 2014“ и „Тиверија“ немаа дораснат противник.

Резултати од 02. коло:

„Кочани“ – „Љуботен“  0:13

„Каменица Саса“ – „Деспина“  2:1

„Ас Јунајтед“ – „СЦ Истатов“  2:0

„Борец“ – „Скопје“  0:10

„Тиверија“ – „Речица“  9:0

Слободна беше екипата на „Шкендија“.

По првите две кола  изгледот на табелата е следниот: „Љуботен“ 6 (16:01); „Скопје 2014“ 6 (15:03); „Каменица Саса“ 6 (13:01); „Ас Јунајтед“ 6 (09:00); „Тиверија“ 3 (10:03); „Деспина 3 (09:02); „Шкендија“ 3 (03:05); „СЦ Истатов“ 3 (00:02); „Кочани“ 0 (00:20), „Речица“ 0 (00:20).

Екипите на „Истатов“ и „Шкендија“ имаат натпревар помалку.ќ

Во следното 3. коло „Кочани“ и гостува на „Речица“.

С. Ивановски