БОРАЧИТЕ НА БК „СПАРТАК“ ОД КОЧАНИ НА ПОДГОТОВКИ НА ПОНИКВА

Во Спорт
август 24, 2022
0 минути

Од денес (Среда) до Сабота девет борачи и двајца тренери од БК „Спартак“ ќе реализираат дел од подготовките на Пониква.

Сместени се во прекрасниот хотел „Магнолија“ а планината им дава прекрасни услови да ги поминат базичните подготовки кои многу ќе им значат во настапите преку целата година.

Влатко Соколов и Зоран Сребренов ја направија програмата за овие ччетиридневни подготовки а таа се состои од тренинзи во природа и тоа по двапати на ден.

По враќањето дома уште во Понеделник ќе се продолжи со работење во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“.

Паралелно со БК „Спартак“ на Пониква се и борачите од БК „Балканец“ од Штип.

С. Ивановски