ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ НА РОТАРИ ДИСТРИКТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ШТО ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОДРЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА

јуни 11, 2023
1 минути

Шест Ротаријанци од Ротари клубот Кочани – Виница присуствуваа на Ротари Дистриктната конференција на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија), која за прв пат се организира во Битола и во Македонија. Дистриктната конференција се одржа во Народниот театар во Битола, а на неа присуствуваа членови на ротари клубовите на двете земји.

Со Ротари Дистриктната конференција претседаваше Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија).

„Најчеста пракса е овие конференции да се одржуваат во местото од каде што потекнува Гувернерот на Дистриктот, а тоа е Битола, мојот роден град, а ова е добра можност, покрај со ротаријанските работи, гостите на конференцијата да се запознаат и со културата, историјата и знаменитостите на местото. Денес сме собрани сите кои сонуваме за Ротари и кои светот го замислуваме  онаков каков што сакаме да биде. Ви благодарам што се одзвавте на поканата и дојдовте од сите страни, од САД, Грција.., но за жал со некои ни се поклопија датумите на конференциите и не се тука. Во оваа прилика кога светот е пред големи предизвици на повеќе полиња се повикуваме на нашите пораки“, рече Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија).

Претставниците од Ротари клубот Кочани – Виница присуствуваа на тридневната програма организирана од битолскиот ротари клуб, а со тоа уште еднаш ја потврдија изјавата на Гувернерот Христовски на прославата за 10 годишнината од постоење на Ротари клубот Кочани – Виница  дека клубот е еден од најактивните во Дистриктот, има сработено многу проекти оваа година и продолжува со активностите и понатаму, а пред се силно го шири ротаријанството. Потврда за тоа е дека оваа година има оформено нов Интеракт клуб Виница и нов Ротари Сателит клуб Малеш кој е прв ваков клуб во целиот Дистрикт 1912 (Македонија и Словенија) чиј спонзор е Ротари клубот Кочани – Виница и им помагаат на членовите  да го спознаат ротаријанството и ја имаат нивната поддршка и совети. Како и сите Ротари клубови и сателитските клубови се вклучуваат во проекти за општествено корисна работа, а поддршката ќе ја имаат од спонзорскиот клуб Кочани – Виница.

Присутните на конференцијата ги поздрави и министерката за култура Бисера Костадонива – Стојчевска, а  градоначалникот на Битола им посака добредојде на сите ротаријанци и други гости.

Гувернерот Раде Христовски инсигниите им ги предаде на Андреј Божиќ, новоизбраниот Гувернер на Дистрихтот 1912, на кој му посака успешна работа, по официјалното преземање на функцијата на 30 јуни оваа година.

Во културно уметничкиот дел настапија секстетот на Камерниот оркестар од Битола и Хорот “Коруновска Арс Нова“ под диригентство на проф. Марина Коруновска.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ