„НАШЕ ТАКСИ“ НОВА ТАКСИ КОМПАНИЈА ВО КОЧАНИ

март 2, 2022
1 минути

Со повикувањето на телефонскиот број 13 223 или 071-313-223 од денес жителите на Кочани ќе можат да ги користат такси услугите на новата Такси Компанија „Наше такси“.

Засега компанијата брои 5 нови возила кои располагаат со клима уреди, GPR, современ аудио систем кој на клиентите им обезбедува безбедносна и здравствена сигурност, комфор и професионален однос од страна на вработените при користењето на такси услугата.

Компанијата работи 24 часа со тоа што во прва и втора смена се користат сите пет возила, додека за време на дежурствата (трета смена) ќе се користат три возила.

Возилата располагаат со фиксен таксиметар, стартната цена изнесува 50,00 денари, а за секој нов поминат километар се доплатува уште по 15,00 денари. Плаќањето може да се врши во готово или со VISA и MASTERCARD картичките.

Фирмите кои ќе сакаат да се рекламираат преку такси возилата ќе имаат можност тоа да го добијат преку LED панел со светлосна реклама.

Од компанијата информираат дека денес и утре (02 и 03 Март) возењето е бесплатно, а како што најавуваат во компанијата ќе бидат вработени дваесетина луѓе бидејќи во блиска иднина планирана е набавка на уште 5 нови возила.

Свртете ги нивните телефонски броеви за да се уверите во квалитетот кој ви го нудат при користење на услуги.

Од „Наше такси“ ве очекуваат.

С. Ивановски