БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ

Во Спорт
ноември 8, 2022
1 минути

Неполна година по назначувањето на Зоран Сребренов за Претседател на БК „Спартак“ и изборот на неговите соработници, почнаа на виделина да излегуваат резултатите.

Иако во тешки услови сепак полека но сигурно најтрофејниот клуб во општината БК „Спартак“ почна да застанува на здрави нозе.

Дека има резултати од една година работа се виде веќе на неодамна завршениот Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“ на кој продефилираа борачи кои сакал некој да признае или не се иднината на борењето во Кочани.

Долги години „Спартак“ полека но сигурно распаѓаше па мораше некој еднаш да рече СТОП за да клубот кој е вековна гордост на Кочани да почне да се враќа на старите патеки.

На сите љубители на спортот а посебно на борењето во „градот на оризот“ им е повеќе од јасно дека тој пат ќе биде долг, но кога нешто се сака и се работи со љубов резултатите мора да дојдат. Многумина некогашни борачи се вклучени во процесот на реновирање и подигнување на реномето на клубот што е добар показател дека Кочани во блиска иднина ќе има и Државни прваци а зошто не и освојувачи на медали од меѓународни првенства.

Сликата сега за сега е таа, но ако се продолжи со истиот интензитет на работење, во што не треба никој да се сомнева набргу треба да дојдат уште посветли денови на борењето во Кочани.

Па сите оние кои беа дел од овој клуб било на душекот или на трибините тоа од срце го посакуваат.

Одиме понатака.

С. Ивановски